19.8 C
Skopje
вторник, 12 август 2025

Најдобриот голман на светот заборави против кого брани, Бензема со хет-трик му ја наполни мрежата (Видео)

Карим Бензема доминира на „Стемфорд бриџ“ и веќе има хет-трик, со гол на почетокот на второто полувреме и по подарокот од голманот на Челзи, Едуард Менди.

Најдобриот чувар на мрежата за минатата сезона направи несфатлива грешка во 46-тата минута, му подари чиста топка на Бензема, а расниот стрелец лесно го искористи подарокот за трет гол на мечот.

Претходно, во првото полувреме Бензема постигна два гола за три минути и му донесе предност на Реал Мадрид од 2:0, а намали Кај Хаверц со погодок во финишот за 1:2.

 

- Оглас -

Најнови вести