Мерцедес-Бенз(ема) го вози Кралскиот клуб кон полуфиналето во Лигата на шампионите (Видео)

Карим Бензема ја игра сезоната на животот и повторно погодуваше и вечерва, и тоа двапати против европскиот првак Челзи, а Реал води со 2:1 во Лондон против Челзи, по првото полувреме во првото четвртфинале во Лигата на шампионите.

Францускиот ас погоди во 21-вата и во 24-тата минута, двапати со глава и му донесе предност на гостинскиот тим од 2:0.

Кај Хаверц постигна гол за надеж во 40-тата минута и на полувремето на „Стемфорд бриџ“ е 1:2 за Реал.

Бензема сега има 10 гола во ЛШ, во најефикасната сезона што ја игра во кариерата.

https://twitter.com/3peatmadrid/status/1511787147212496897?s=20&t=1hWx31JmZE_rMYAsthSGXw

Вилјареал најави големо изненадување на „Ла Керамика“ и води со 1:0 по првиот дел против Баерн Минхен.

Арно Данџума беше стрелец на голот во осмата минута, а домаќините дадоа уште еден гол, но беше поништен поради офсајд.

 

- Оглас -

Најнови вести