Најдобар африкански фудбалер за 2019 година е Садио Мане

Крилниот напаѓач на Ливерпул, Садио Мане, е избран за најдобар фудбалер во Африка за 2019 година. Тоа е прва награда за Сенегалецот како најдобар на Црниот Континент.

Лани и преклани ова признание го добиваше неговиот клупски колега Мохамед Салах, а Мане во двата наврати беше втор. Овојпат тој доби повеќе гласови од Египќанецот. Кандидат за наградата беше и Ријад Марез од Манчестер сити. Сезонава Мане има 19 меча во Премиер лигата и учинок од 11 гола и 8 асистенции.

- Оглас -

Најнови вести