Унион Берлин вечерва го победи составот на Борусија Менхенгладбах со 3-1, а два гола даде Холанѓанецот Даниљо Раимундо Дуки кој е внук на екс фудбалерот Винстон Богард и има суринамско потекло.
Крстен е по екс бразилскиот фудбалер Раи (помлад брат на Сократес), а од летото 2022 го носи дресот на Унион Берлин и во овие три години, ниту еден друг одбранбен фудбалер во Топ 5 лигите во Европа нема постигнато повеќе голови со глава од него.
Дуки кој е 27-годишен, во овој тригодишен период постигнал 9 голови со глава, деветтиот го даде вечерва. Го дели првото место меѓу дефанзивците со Габриел Магаљаес од Арсенал кој истотака е на 9 голови со глава од летото 2022 наваму.