Новак Ѓоковиќ иако не успеа денеска, на Австралија опен покажа дека е кадарен да освои гренслем.
Нова шанса ќе има на „Ролан Гарос“, а потоа и на Вимблдон и САД опен кога ќе биде 39-годишен.
Матс Виландер кој често го крикува Новак во својата анализа рече дека според него, најдобра шанса да освои гренслем, Србинот ќе има во Лондон.
„Новак е толку достоинствен губитник. Карлос ќе биде уште подобар и ќе го достигне својот врв за шест-седум години. Мора да кажеме дека Новак имаше среќа, не играше против Меншик, кој му го даде мечот без борба, имаше само два сета против Мусети, кој беше повреден. Мора да верува дека може да освои гренслем. После тој прв сет помислив дека можеби може да ја освои титулата. Имаше брејк-поен во четвртиот сет, ако мечот одеше во петти сет, којзнае што ќе се случеше. Мора да се опорави. Ќе му биде тешко да го освои трофејот на Ролан Гарос, но на Вимблдон нема толку добри играчи кои се снаоѓаат добро на трева, мислам дека има добри шанси таму“, рече Виландер.

