Англиските навивачи не ја одобруваат употребата на ВАР

Повеќе од 75% од навивачите на клубовите од англиската Премиер лига не ја одобруваат употребата на ВАР-технологијата, соопшти Здружението на фудбалски навивачи (ФСА) по анкета спроведена онлајн на повеќе од 8.000 луѓе помеѓу 26 февруари и 23 март.

Според анкетата, дури 75,7% од навивачите не го одобруваат ВАР, а 91,7% веруваат дека системот ја уништил спонтаната радост на трибините по постигнатиот гол.

„Овие податоци се слични на претходната анкета во 2021 година, кога навивачите изразија резерви во врска со воведувањето на ВАР. Ги споделивме резултатите со Премиер лигата и Комисијата за судии. Со нетрпение очекуваме отворен дијалог со нив за податоците од нашата анкета“, напишаа од ФСА.

- Оглас -

Најнови вести