Најдобриот босански тенисер ќе стане и фудбалер, се најде на пријавната листа на еден клуб

Тенисерот Дамир Џумхур, кој моментно е 64-ти на АТП-листата и со години е најдобар играч од Босна и Херцеговина, наскоро би можело да заигра и на официјален фудбалски натпревар.

Искусниот тенисер кој е на Мастерсот во Барселона, каде што утре има меч кој ако го добие во следното коло, ќе се сретне со Холгер Руне, се најде на пријавната листа на фудбалскиот клуб Сообраќаец, кој се натпреварува во кантоналната лига Сараево – Група А, а откако Џумхур финансиски им помогна, сараевскиот клуб реши да му се оддолжи со тоа што ќе го вклучи на списокот на играчи.

Џумхур ја започна процедурата за регистрација во Фудбалскиот сојуз на кантонот Сараево и наскоро и официјално ќе стане фудбалер.

Тој е пречекан како одлично засилување на Сообраќаец, со оглед на неговата физичка подготвеност, но и фудбалското знаење, со оглед на тоа што спортската кариера ја започна како фудбалер на Железничар.

 

- Оглас -

Најнови вести