28.8 C
Skopje
вторник, 29 јули 2025

Најдобриот играч на ФИФА направи голема глупост, Манчестер јунајтед поведе во дербито со првиот удар кон голот на Челзи (Видео)

Џејдон Санчо ќе ги памети последните 7 дена по првите два гола за Манчестер јунајтед, а денеска ја искористи големата глупост на Жоржињо и им донесе предност на Црвените ѓаволи од 1:0 на дербито со Челзи.

Санчо лесно погоди во 50. минута, откако најдобриот играч во изборот на ФИФА, Жоржињо направи кардинална грешка.

 

Интересно е што гостите поведоа со 1:0 со првиот директен удар кон голот на Челзи.

- Оглас -

Најнови вести