Најдобриот играч на мечот признава: Албанија покажа квалитет, ние мора порано да ги решаваме ваквите дуели

Федерико Кјеза не постигна гол за Италија, но со својата игра и залагање на дуелот против Албанија ја заслужи наградата за МВП на дуелот. По победата над Албанија, Кјеза коментираше дека Аѕурите ќе мора во следните дуели да не дозволи да биде во ризик дека може да прими гол во финишот и да не победи.

„Многу сум среќен за целиот тим и играта која ја имавме. Албанија покажа дека е опасен ривал, дека имаат квантитет и квалитет. Во иднина ќе треба да научиме дека треба мечот да го решиме кога ќе имаме можност за тоа, во спротивно до последната секунда ќе постои ризик“, рече Кјеза.

- Оглас -

Најнови вести