Екипата на АЦХ Волеј од Љубљана по 19-ти пат стана шампион на Словенија, а голема заслуга за нивната титула годинава, која ја обезбедија вечерва со победата над Калцит Камник од 3-1 во сетови, има македонскиот коректор Никола Ѓоргиев кој е и капитен на АЦХ Волеј.
АЦХ Волеј без пораз сезонава ја освои титулата во Словенија.
Најдобриот македонски одбојкар, и капитен на репрезентацијата која кон крајот на летово во Скопје ќе биде еден од домаќините на Европското првенство, е еден од главните играчи на Љубљана, а вечерва од трибините имаше поддршка и од екс кошаркарот Владо Илиевски кој живее во словенечката престолнина, и исто како и Ѓоргиев, е роден струмичанец.