Најдобар пример за тоа како еволуира фудбалот, а потезите на фудбалските стратези можат да се покажат како генијални, иако првично се сметале за луди потези, е Микел Мерино.
Шпанскиот репрезентативец и ѕвезда на Арсенал, Микел Мерино сезонава игра како класичен напаѓач, позиција на која го намести тренерот на Топчиите, Микел Артета. Овој потег на шпанскиот стратег предизвика многу дилеми, дали Мерино е играч за да биде во најофанзивниот дел, но според игрите на фудбалерот, се потврдува дека оваа одлука е одлична.
Мерино принудно беше прекомандуван во офанзивата и тоа кога се повреди напаѓачот Габриел Жезус. Не е за верување, но факт е дека Мерино во 2025 година е најефикасен фудбалер на Арсенал. Во календарската 2025 година, Мерино постигна 13 голови за Топчиите, а тоа е најмногу од сите фудбалери со кои располага Артета.
Интересно е дека Мерино кога пристигна во Арсенал, беше преставен како играч за врска кој со Шпанија стана европски првак. Уште поневеројатно звучи податокот дека Мерино пред девет години кога беше во тимот на Борусија Дортмунд, играше како централен дефанзивец. Тогаш тренер на Борусија беше Тонас Тухел кој го намести Мерино да е стопер, каде знаеше добро да ја заврши зададената работа.
Сега, девет години подоцна, Мерино од стопер, преку играч за врска, стигна до најдобар стрелец во Арсенал.


