Најдобриот стрелец на ЕП пред еден месец потпиша за второлигаш, но сега е цел на познати клубови

Грузискиот репрезентативец Гиорги Микаутадзе беше еден од играчите кои пријатно изненадија на Европското првенство во Германија. Непосредно пред почетокот на ЕП, Микаутадзе потпиша договор со францускиот второлигаш Мец, кој плати 13 милиони евра за да го откупи договорот од Ајакс.

На континенталниот собир, Микаутадзе постигна три гола и на крајот се најде во групата од шестмина фудбалери кои завршија на врвот на листата на најдобри стрелци.

По настапот на ЕП, интересот за Микаутадзе се зголеми. Француските прволигаши Монако и Лион застанаа на ред за да го доведат Грузиецот. Првично имаше договор да замине во Монако, но откако се вмеша Лион, работите се променија.

Микаутадзе е роден во Лион и сега токму клубот од неговиот роден град сака да го види во своите редови. Свои планови има и Монако, кој веќе упатил понуда од 20 милиони евра, плус пет милиони евра во вид на бонуси за да го доведе овој голгетер во своите редови.

- Оглас -

Најнови вести