33.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Најдобриот стрелец во историјата на Атлетико Мадрид ја продолжи верноста

Искусниот француски напаѓач Антоан Гризман денеска го стави својот потпис на новиот договор со кој се обврзува да остане верен на Атлетико Мадрид до 2027 година. Гризман е вистинска легенда во клубот. Досега одигра девет сезони во дресот на Атлетико во два циклуса, а со 197 погодоци е и најдобар стрелец во историјата на клубот.

Во сезоната што заврши Гризман постигна 19 погодоци во 53 меча во сите натпреварувања и му помогна на Атлетико да дојде до третото место во шпанското првенство, а во Купот на Шпанија, екипата стигна до полуфиналето, каде што беше елиминирана од Барселона.

- Оглас -

Најнови вести