Габриел Кортиз е играч за врска на екипата на Барселона Гуајакил кој сезонава игра одлично. Во девет меча, Кортиз постигна седум гола, но најверојатно ќе остане на таа бројка на погодоци, затоа што Кортиз беше уапсен во еден град на границата со Колумбија, како дел од организирана банда.
Вкупно 18 луѓе биле уапсени, а министерот за внатрешни работи на Еквадор, Патрисио Карилјо потврди дека Кортиз е меѓу уапсените.
„Имаме информации дека Кортиз наредил и ги знае имињата на луѓето кои планирале ликвидација“, соопшти министерот Карилјо.
https://twitter.com/i/status/1517552913828265984
Кортиз ви средата го одигра последниот меч за својот тим, но најверојатно е дека дого време ќе биде зад решетки. Популарниот Ел Локо во кариерата има настапувано и за Ботафого во Бразил и за мексиканскиот Лобос.