25.8 C
Skopje
вторник, 26 август 2025

Најдобриот стрелец во македонската прва лига, пред трансфер во Србија!

Мартин Мирчевски кој сезонава постигна дури 16 голови за Академија Пандев, и убедливо е прв на листата на стрелци во првата македонска фудбалска лига, би требало да потпише договор со амбициозниот српски суперлигаш ТСЦ од Бачка Топола.

Интерес за Мирчевски кој во Академија Пандев дојде од Вардар, има и од други клубови, се спомнува дури и големиот Фенербахче, но како што стојат работите, тој кариерата ќе ја продолжи во Србија.

- Оглас -

Најнови вести