Најдобриот тим во НБА дома загуби со 41 разлика, лидерот на Западот поразен со 19 поени (Видео)

Во дуелот на двете најдобри екипи на Истокот, Бостон селтикс на гостински терен убедливо со 140:99 го победи Милвоки бакс и на тој начин му го загрозува првото место. Милвоки сега има 55 победи и 22 порази, а Бостон е втор со 53 триумфи и 24 порази, а до крајот на регуларниот дел има пет кола.

Само на почетокот на дербито беше неизвесно, а Милвоки последен пат водеше со 21:20. Потоа следуваше серија на гостите од 7:0, а Бостон до крајот на првата четвртина поведе со осум разлика (34:26). Пред крајот на првото полувреме, предноста на гостите беше зголемена на 22 поени (52:30), а темпото на Бостон не сопре до крајот на дуелот, па Милвоки претрпе катастрофа и дома загуби со 41 разлика.

Џејсон Татум со 40 поени беше најдобар во победничкиот тим, а Браун додаде 30 поени за Бостон. Кај Милвоки најпрецизен беше Јанис Адетокумбо со 24 поени.

Висок пораз претрпе и најдобриот тим во Западната конференција, Денвер нагетс. Без својот најдобар играч, Никола Јокиќ немаше сила да се спротистави на Њу орлеанс, па гостите на крајот беа подобри со 107:88.

Брендон Инграм беше незадржлив и најзаслужен за победа на Њу Орлеанс, а на крајот средбата ја заврши со трипл-дабл, односно со 31 поен, 11 скока и 10 асистенции. Денвер останува најдобар на Западот со три победи повеќе од второпласираниот Мемфис.

 

- Оглас -

Најнови вести