Најдобрите другари играа заедно, вечер ќе се надмудруваат како тренери во Лигата на Европа

Дуелот на Манчестер јунајтед и Копенхаген од четвртфиналето во Лигата на Европа ќе има посебно значење за норвешките љубители на фудбалот и за нивните сонародници кои се тренери на двата тима.

Оле Гунар Солскјер и Стале Солбакен се блиски пријатели и некогашни колеги од националниот тим на Норвешка кој на СП во 1998 година во групната фаза го победи финалистот Бразил и дојде до осминафиналето (загубија од Италија со 0-1). Оттогаш Норвежаните се немаат пласирано на Мундијалите во фудбал во машка конкуренција.

Старите пријатели се слушнале по телефон пред да дојдат во Келн и си посакале среќа.

„Тимовите кои ги води Стале се добро организирани и не е лесно да се игра против нив. Имаат талентирани, но и искусни играчи. Тешко ќе ни биде“, изјави Солскјер, кој се сеќава дека во 2006 година, Копенхаген со Солбакен на клупата го победи Јунајтед со 1-0 во меч од групната фаза во ЛШ. Тогаш Солскјер беше на теренот во нападот заедно со Вејн Руни и тогаш 21-годишниот Кристијано Роналдо.

- Оглас -

Најнови вести