Најглупав потег на денот: Сакаше да се прослави, а ВАР му го поништи голот (Видео)

Јапонскиот фудбалер изгоре во желбата да постигне гол во првото полувреме на вечерашниот меч помеѓу Бетис и Еибар, па многу наивно постапи и по прегледување на снимката, голот му беше поништен. Топката одеше во мрежа, но Инуи сакаше да го потврди голот со тоа што од самата гол-линија ја затресе мрежата.

Проблемот е што Јапонецот беше во офсајд и не требаше да ја допре топката која и без тој да ја шутне, ќе ја минеше гол-линијата и во таков случај голот ќе беше признат.

Сепак, Еибар води со 2-0 на половина час до крајот на средбата, па овој кикс на Инуи можеби и ќе биде покриен од неговите соиграчи.

Погледнете зошто му беше поништен гол на Јапонецот:

https://www.youtube.com/watch?v=u6KlGWcws0o

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести