Норвешкиот тенисер Каспер Руд го освои Мастерс турнирот на земјена подлога во Мадрид кој се играше за награден фонд од 7,9 милиони евра.
Во финалето, 15-то рангираниот играч во светот (од утре се искачува на седма позиција) го победи Британецот Џек Дрејпер. Натпреварот траеше речиси два и пол часа и заврши со резултат 7-5, 3-6, 6-4.
Ова е вкупно 13-та АТП титула за Руд, но прва на Мастерс 1000 турнирите и затоа му е најголем успех во неговата кариера. За Руд, третото финале беше среќно, претходно губеше две финалиња на турнири од оваа категорија, во Мајами во 2022 година и во Монте Карло во 2024 година.