Најголемата желба на Реал Мадрид летово е фудбалерот чиј избор за Златната топка го бојкотираа

Раководството на Реал Мадрид воопшто не е задоволно од сезоната која завршува викендов, а како главна причина се гледа на позицијата на која незаменливи беа Тони Крос и Лука Модриќ.

Токму засилувањето на плејмејкерската позиција ќе биде приотитет за Кралевите“, а нивната најголема желба е актуелниот освојувач на Златната топка, Родри. Доколку дојде до реализација на ваков трансфер, тоа би било навистина интересно бидејќи Реал Мадрид крена голема прашина, имаше низа изјави, а кулминација беше бојкотот на доделувањето на Златната топка од комплетната експедиција на Кралевите.

Според медиумите во Шпанија, ниту Родри би немал проблем да го напушти Манчестер сити и да се врати во татковината.

Освен Родри, во Реал Мадрид како опции ги имаат и Енцо Фернандес од Челзи, Ангело Стилер од Штутгарт и Хуго Ларсон од Ајнтрахт Франкфурт. Трансферот на Фернандес би бил тежок да се изведе бидејќи Челзи го смена за клучен фудбалер во составот, додека за Стилер и Ларсон мислењата се дека немаат доволно искуство за да бидат носители на Реал Мадрид, па затоа Родри е првата желба на Кралевите.

- Оглас -

Најнови вести