Групната фаза од африканските квалификации за пласман на Светското првенство заврши, а најголем трагичар е селекцијата на Бенин. Тие во пресрет на последното коло беа први на табелата со 17 бода, два повеќе од Јужна Африка и плус три од Нигерија.
Сепак, во последното коло загубија од Нигерија со 4-0, а Јужна Африка славеше над Руанда со 3-0, па Бенин заврши на третата позиција и не само што не успеа да дојде до историски пласман на Светското првенство, туку останаа и без бараж.
На крајот Јужна Африка ќе патува на Мундијалот, а Нигерија ја очекува тежок пат преку баражите да дојде до учество на Светското првенство.