Најголемиот не го заслужи ова од Дјук, ги водеше 42 години, а го испратија со неочекуван пораз

Универзитетот Северна Каролина го шокираше Дјук со 94-81 во последниот домашен натпревар на легендарниот тренер Мајк Кшижевски во неговата богата кариера.

Човекот со најмногу победи во историјата на колеџ кошарката и освојувач на три златни олимписки медали како селектор на САД, неверојатни 42 години беше тренер на Дјук, а тимот го разочара за крај.

Човекот кој тренираше многу славни кошаркари, кои подоцна се прославија во НБА, има 75 години, но тука не е крајот на неговата кариера, бидејќи допра престои борба за престолот. Но, последниот меч во салата во која мина повеќе од половина живот, требаше да биде добиен. Затоа, Тренерот К после мечот рече дека играта на неговиот тим била неприфатлива.

- Оглас -

Најнови вести