Најголемиот трансфер оваа зима и официјално потврден: Кварацкелија претставен во ПСЖ

Квича Кварацкелија и официјално е нов фудбалер на ПСЖ, откако „светците“ го претставија на социјалните мрежи и објавија дека потпишале договор со грузискиот репрезентативец до 2029 година.

ПСЖ за трансферот на Кварацкелија на Наполи му платија 70 милиони евра, што го прави овој трансфер најголем оваа зима.

Грузиецот во Наполи пристигна во 2022 година од Динамо Батуми за 13.3 милиони евра, а претходно играше и за Рубин Казан, Рустави, Локомотив Москва и Динамо Тбилиси. Во дресот на Наполи одигра 107 натпревари, на кои имаше ефект од 30 гола и 29 асистенции.

Блесна со репрезентацијата на Грузија на Европското првенство минатата година, кога изненадувачки стигнаа до осминафиналето.

- Оглас -

Најнови вести