Најголемото изненадување во историјата на УФЦ (Видео)

Шана Добсон го направи најголемото изненадување во историјата на УФЦ откако успеа да ја победи Марија Агапова. Пред мечот, Агапова беше голем фаворит затоа што во кариерата имаше девет победи и само еден пораз, додека зад контото на Добсон беа наредени четири порази од седум борби.

Во првата рунда Агапова имаше целосна доминација, но Добсон успеа да ги издржи сите удари. Фаворитката како да не беше физички добро подготвена, па „падна“ во втората рунда. Добсон тоа го искористи и успеа да ја „матира“ натпреварувачката од Казахстан.

Според коефициентите, за победа на Добсон коефициентот достигнал 12,5 и тоа претставува најголемо изненадување во историјата на УФЦ кога се гледаат понудените коефициенти на една борба.

https://youtu.be/nTn9QWRfqxw

- Оглас -

Најнови вести