Американката Рејвен Сондерс која на Олимписките игри во Токио ќе учествува на натпреварот во фрлање ѓуле, се појави со несекојдневен имиџ кој го привлече вниманието на фановите. Мускулестата и крстко потшишана Рејвен која воопшто не заостанува според физичката сила зад своите колеги во машка конкуренција, е позната по прекарот Хулк.
Вака кога би ја виделе, би помислиле дека е маж, но ако ништо друго, многумина кои не планираа да го гледаат натпреварот во фрлање ѓуле за жени од атлетскиот дел на ЛОИ 2020, можеби ќе се премислат, ако ништо друго, за да видат каков настап ќе има женската верзија на Хулк.