Вулверхемптон го има најмирниот волк во Премиер лигата, а Конор Коуди е вистинска легенда според податокот дека сè уште нема упатено ниту еден директен удар кон противнички гол, а во оваа декада одигра вкупно 87 часа и една минута фудбал на терените во Англија.
Можеби како аргумент за одбрана може да го користи фактот што игра на позицијата стопер, но ниту еден играч ниту приближно нема ваков лош ефект.
Коуди има 26 години, а патешествието во Премиер лигата го почна во матичниот клуб Ливерпул во сезоната 2012/13, кога одигра еден меч за црвените од „Енфилд роуд“, секако без ниту еден шут кон голот на противникот.
Потоа се пресели во Шефилд јунајтед во Лига 1, а играше и за Хадерсфилд во Шампионат лигата, но тие настапи не му се сметаат во неверојатната статистика со нула удари во Премиер лигата.
Член е на Вулверхемптон од 2015 година, а со овој тим има три сезони во втората најсилна англиска лига, пред да се пресели во Премиер лигата пред две сезони.
И оттогаш му се бројат ударите, а ги нема воопшто кон противничките играчи, па на шега на социјалните мрежи го нарекоа и најкроткиот волк што игра во Премиер лигата.