5.8 C
Skopje
петок, 3 октомври 2025

Најлошата судиска одлука во историјата на Евролигата, партизановци се чудеа (Видео)

Партизан со 80:78 го доби дуелот против Армани кој синоќа се играше во Белград во рамките од второто коло на кошаркаррската Евролига. Освен неизвесноста до последен момент, дуелот ќе се памти и по една чудна и смешна судиска одлука.

Иако има дури тројца арбитри на теренот, ниту еден од нив не забележа дека аргентинскиот кошаркар Леонардо Болмаро од редовите на Армани, во еден момент кога тргна кон кошот на Партизан, сам се сопна и падна.

Судиите проценија дека играчот на Партизан Паркер направил фаул, иако очигледно беше дека Болмаро сам се сопна и падна.

- Оглас -

Најнови вести