Синоќа во НБА-лигата се одиграа 11 меча, а еден од нив отскокнуваше по својата неизвесност, па на некој начин беше испишана и историја бидејќи 25 години не беше видено некој да погоди тројка за победа од далечина од 18,6 метри, што е околу три четвртини од должината на теренот.
Јунакот е Девонте Греем од Њу Орлеанс пеликанс, кој тројката од далеку ја погоди на 0,3 секунди до крајот. Но, тоа беше само врв на драмата, бидејќи лудата завршница почна порано, со изедначување на 110-110 со тешка тројка од речиси од половина терен на домашниот играч Шаи Гилџеус Александер на 1,4 секунди до крајот. Кога се чинеше дека ќе има продолжение, се случи тројката на Греем за триумф од 114-110.
Погледнете ги последните два напади на мечот во Оклахома сити и радоста на гостите Њу Орлеанс:
https://twitter.com/i/status/1471325126105124864