Најмалку двајца дебитанти ќе има во кошаркарската репрезентација

Кошаркарската федерација на Македонија на „Инстаграм“ објави фотографија на која се гледаат 12 кошаркари и тоа е доволна причина да се верува дека токму тие 12-мина ќе бидат во црвено-жолтиот дрес на првите два меча од квалификациите за Евробаскетот 2021. Селекторот Александар Тодоров најави дека подготовките за дуелите со Естонија дома на 20-ти февруари и со Русија на гости три дена подоцна ќе почнат на 13 февруари, но уште нема објавено список.

Противниците на Македонија, а тоа се Италија, Русија и Естонија, веќе ги открија картите. Останува уште нашите да се изјаснат, но како што најави Тодоров на прес-конференцијата кога беше претставен, ќе има големо подмладување.

На сликата од 12-мина играчи се гледаат 18-годишниот Андреј Јакимовски и 17-годишниот Марко Миловановиќ, кои настапуваат во Италија. Тука е плејмејкерскиот тандем Димитријевиќ и Магдевски, браќата Стојановски како најискусни, натурализираниот Витингтон. Место ќе има и за Симоновски, кој во моментов е без клуб, центарската позиција ќе ја пополнат Младеновски и Крстевски, додека Маслинко и Ѓуроски го комплетираат тимот.

Сепак, ова не значи со сигурност дека на подготовките ќе дојдат само овие 12-мина.

- Оглас -

Најнови вести