Најмладиот Португалец што освоил ЕП потпиша за ПСЖ

Португалскиот репрезентативец Ренато Санчес реши неговиот следен клуб да биде Пари Сен Жермен. Офанзивниот играч за врска во минатата сезона ги бранеше боите на францускиот Лил, но реши дека е време да си замине.

ПСЖ за него понуди 15 милиони евра, а интересно е дека Милан во исто време му даваше еден милион евра повеќе на Лил. Сепак, Лил ја послуша одлуката на Санчес, кој сакаше неговиот следен клуб да биде францускиот првак.

Овој 24-годишен играч ја има добиено наградата Златно момче што се доделува на најталентираниот фудбалер. Во 2016 година тој беше повикан во португалската репрезентација и стана најмладиот Португалец кој бил дел од континентален собир, а воедно и најмлад кој се радувал на златен медал од ваков турнир.

Санчес во ПСЖ доаѓа веднаш да го пополни испразнетото место по заминувањето на Вајналдум во Рома. Португалецот нема да има потреба да се адаптира премногу долго затоа што минатата сезона играше одлично во француското првенство во дресот на Лил.

 

- Оглас -

Најнови вести