Мурињо со уште еден генијален потег доби одличен офанзивец во Рома

Холандскиот репрезентативец Џорџино Вајналдум и официјално треба да биде претставен како нов играч на Рома. За офанзивниот играч од средниот ред кој минатата сезона беше дел од Пари Сен Жермен сега нема место меѓу Светците, па затоа оди на позајмица во Римската волчица.

Вајналдум во ПСЖ има годишна плата од 10 милиони евра, а Рома не сакаше целиот товар за оваа сума да падне на нејзин грб. Договорено е двата тима да одвојат по пет милиони евра за платата на Вајналдум, но Рома ќе треба на ПСЖ да му плати и шест милиони евра за едногодишната позајмица на овој фудбалер.

Холанѓанецот секогаш игра многу офанзивно, што говори и фактот дека во кариерата има дадено над 130 погодоци.

Рома ова лето направи неколку добри трансфери и тренерот Жозе Мурињо ќе има конкурентен тим во трката за новата сезона во Серија А.

- Оглас -

Најнови вести