21.8 C
Skopje
петок, 5 септември 2025

Најмладиот стрелец на Барса ќе игра за Шпанија

Талентираниот фудбалер на Барселона, Ансумане Фати, ја прифати поканата на шпанската федерација да игра за Црвената фурија. Тинејџерот на шпанскиот првак, иако има потекло од Гвинеја Бисау, шпанскиот пасош му овозможува да ја развива репрезентативната кариера во младинските категории на Шпанија.

Фати од својата шеста година со своето семејство живее во оваа држава, а во школата на Барселона се приклучи на 10 години. Од неодамна се запиша во историјата на Каталонците како најмлад стрелец со 16 години и 304 дена, во ремито од 2-2 против Осасуна, додека едно коло претходно Фати стана најмлад играч на Барса со сениорски настап за првпат по 78 години.

Се очекува Фати да биде дел од селекцијата на Шпанија до 17 години за Светското кадетско првенство кое годинава ќе се одржи во Бразил, од 27 октомври до 17 ноември.

- Оглас -

Најнови вести