Тинејџер од Гвинеја Бисао си го оствари сонот – Стана втор најмлад играч во историја на Барселона

Името на Ансумане Фати можеби ни е непознато, но од вечерва ќе биде врежано во историјата на Барселона. Во спектакуларното издание на Каталонците против Бетис, тренерот Валверде му даде шанса на шеснаесетгодишниот тинејџер со потекло од Гвинеја Бисао да стане втор најмлад играч кој го облекол сениорскиот дрес на актуелниот шпански првак.

Фати само со 16 години и 298 дена си го оствари сонот да заигра во еден од најголемите клубови во светот, иако на теренот не се задржа повеќе од петнаесетина минути.

https://twitter.com/foetball247/status/1165732265772625920

- Оглас -

Најнови вести