Најнеефикасниот тим во Ла Лига нема да загуби од тимот со најмалку примени голови

1010 Евертон – Арсенал (21.00 часот)

Евертон е во голема криза, освои само еден бод во последните седум кола, има три порази по ред, но управата му даде поддршка на тренерот Бенитес, иако има шпекулации дека Карамелите сакаат да го ангажираат Мурињо, кому не му цутат розите во Рома. Двата тима имаат дадено по 17 голови во првите 14 кола, но разликата во бодови е дури 8 за Арсенал, кој ако победи, се вмешува во битка за местата кои водат во Европа. Во двата тима има повредени важни играчи. Топчиите се тим кој ретко игра нерешено. Во минатата сезона Евертон двапати го победи Арсенал, лондонскиот тим четири години нема победа на „Гудисон парк“.

Предлог тип: 1+I & 3+ (2.16)

 

3612 Емполи – Удинезе (18.30 часот)

Ова е дуел на 11-тиот и 14-тиот на табелата во италијанската Серија А. Удинезе има дури седум ремија сезонава, никој нема повеќе од нив, а и во претходните две рунди освојуваа по бод. Кај гостите, суспендирани се Молина и Валас. Емполи има серија од пет лигашки мечеви на кои и дава и прима гол. Удинезе три месеци нема победа на гостински терен, а во Емполи не победиле од јануари 2015 година.

Предлог тип: 1Х & 0-3 (1.96)

 

1361 Хетафе – Атлетик Билбао (21.00 часот)

Мадридскиот тим полека се крева и иако има само две победи сезонава, тие победи беа во последните четири кола. Хетафе е најнеефикасен тим во Ла Лига само со 10 погодоци на 15 меча, додека Баскијците исто така се тврд тим кој ретко дава и прима голови. Билбао и Севилја се тимови со најмалку примени голови. Атлетик како да заборави да победува, а од 15-те меча, дури осумпати играа нерешено. Последната победа на гости им беше уште во август. Четири од последните пет меѓусебни дуели на овие екипи во Мадрид, беа со 0-2 гола.

Предлог тип: 1Х & 1-3 (2.40)

 

1321 Жирона – Леганес (21.00 часот)

Домашниот терен е предност за Жирона, Каталонците се и понапред на табелата, но Леганес е во подобра форма. Леганес во последните пет кола освои дури 13 бодови и почна да бега од опасната зона во втората шпанска лига. Жирона од 25 октомври нема играно нерешено. Леганес во минатата сезона победи во Жирона со 2-0, последните четири меѓусебни дуели им завршуваа со 0-2 гола, а на последните шест пресметки секогаш барем едните не даваа гол.

Предлог тип: 0-1 II & 0-1 II (1.89)

 

1959 Ѓозтепе – Газијантеп (20.45 часот)

Тимот на Адис Јаховиќ е 18-ти со скромни 11 бодови, а Газијантеп е само две места над него на табелата во турската лига, но има седум бода повеќе. Ѓозтепе дома нема лигашка победа уште од септември, но во последните седум дена одиграа 1-1 со Фенербахче и победија 5-0 во Купот. Газијантеп не знае за победа на гостински терен, само еднаш освои бод, сите други мечеви ги загуби. Последните три меча на овие тимови кога Ѓозтепе бил домаќин завршуваа нерешено, со голови на двете страни.

Предлог тип: & ГГ (2.30)

- Оглас -

Најнови вести