Севилја и Реал Мадрид одиграа 1-1 во меч на кој Кралскиот клуб од Мадрид стана прв клуб со 3.000 одиграни мечеви во историјата на шпанската лига. Утре ваков јубилеј ќе прослават Барселона и Атлетик Билбао.
Двата гола ги постигнаа играчи на Реал, со тоа што Алаба погоди таму каде што не требаше во сопствената мрежа. За Австриецот, тоа е прв автогол во кариерата. Изедначи Карвахал со својот прв гол со глава од 2018 наваму.
Севилја пет години нема победа против Реал, а цели 30 години се нема случено нивен меѓусебен дуел да заврши 0-0.
https://twitter.com/i/status/1715793287607447655