Сениорската макеедонска фудбалска репрезентација на утрешното гостувањето кај Белгија ќе се обиде да направи чудо и да стигне до победа која ќе значи голем чекор за остварување на сонот, а тоа е пласман на Светското првенство кое ќе се игра следната година.
Македонија е голем аутсајдер на дуелот во Гент, но тоа е добра шанса за вечните оптимисти. Триумф на Македонија во Белгија се вреднува со 20.2 коефициент.
По мечот против Белгија, Македонија ќе се врати во Скопје да с еподготви за пресметката против Казахстан која се игра в понеделник. Е, на тој меч, Македонија е во улога на фаворит, па опцијата „еден во еден“ е со квота од точно два. Тоа значи Македонија да води на полувреме и на крајот да победи.
Освен сениорите, на мегдан утре ќе биде и селекцијата на Македонија до 21 година. Во квалификациите за ЕП, македонските надежи ќе играат против врсниците од Ерменија. Македонија е фаворит, а тука „еден во еден“ комбинацијата е со 2.50 коефициент.
Еден обложувач во Тетово го одигра најпатриотскиот тикет верувајќи дека Македонија ќе може да победи на сите три средби кои се на програмата в петок и в понеделник. Со уплата од 100 денари, на вкупен коеифицнет од 101.25, бруто добивката е преку 10.000 денари, а можната нето-добивка изнесува одлични 8.621 денари.