3.8 C
Skopje
понеделник, 17 ноември 2025

Австрија со историска победа од 10:0, доминантни триумфи и на Данска, Холандија и Фарски Острови

Репрезентацијата на Австрија ја забележа најубелдивата победа во својата историја, откако со 10:0 славеше над Сан Марино на мечот одигран на стадионот „Ернст Хапел“ во Виена. Ова беше дуел од квалификациите за пласман на Светско првенство 2026 година.

Досега најубедливата победа на Австрија беше 9:0 над Малта во далечната 1977 година, а сега првпат во повеќе од едновековното постоење на националниот тим на Австрија постигнуваат двоцифрен број голови во еден меч.

По првото полувреме беше 6:0, а интересно е дека имаше пет различни стрелци на погодок. Во вториот дел, свое шоу имаше ветеранот Марко Арнаутовиќ. Тој даде три гола во второто полувреме, а со еден погодок во првиот дел, на крајот застана на бројката од четири погодоци.

Австрија е лидер во својата група со максимални 15 бода од пет меча, пред Босна и Херцеговина, која има 15 бода, но од шест средби. БиХ одигра 2:2 на гости кај Кипар, каде што беше постигнат и најбизарниот погодок вечерва.

Убедлива беше и Данска која со 6:0 победи на гости кај Белорусија. Фарски Острови покажаа сила и со убедливи 4:0 ја победија Црна Гора. Холандија рутински без многу мака со 4:0 победи над Малта.

Хрватска успеа да остане непоразена на гости кај Чешка и одигра без голови. За Коцкестите ова е прво реми во квалификациите, но и покрај тоа, сигурно грабат кон завршницата на Мундијалот.

Шкотска со пресврт ја победи Грција со 3:1 и сега е во добра позиција да се бори за пласман на Светско првенство.

- Оглас -

Најнови вести