Најпотценетиот фудбалер во Баерн доби зголемување на платата за кое не ни сонувал

Искусниот напаѓач Ерик Чупо-Мотинг останува верен на Баерн Минхен. Според најавите од реномираниот весник „Билд“, Чупо-Мотинг ќе го продолжи договорот на уште една сезона со зголемување на платата, и тоа од пет на 10 милиони евра!

Челниците на Баерн Минхен се презадоволни од игрите на 33-годишниот офанзивен играч, кој сезонава постигна 15 гола во 24 меча во сите натпреварувања. Пред два месеца имаше шпекулации дека Чупо-Мотинг може да биде продаден во зимскиот преоден рок, но тоа не се случи, а сега добива и двојно поголема плата.

Чупо-Мотинг на „Алијанц арената“ пристигна во октомври 2020 година, и тоа како слободен играч од Пари Сен Жермен. Во кариерата има играно и за Стоук, Шалке, Мајнц и Хамбургер. Во Бундеслигата има одиграно 262 меча со биланс од 61 гол и 25 асистенции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести