Најпознатата фудбалска маскота замина во пензија (Видео)

Најпознатата маскота во светот, јарецот Хенес Осми, оди во пензија. Тоа е јарецот кој во изминативе 12 години секогаш се појавуваше на стадионот на Келн и беше заштитен знак на германскиот тим. Хенес Осми се повлекува поради здравствени проблеми со рбетот.

Хенес Осми беше сведок на голем број возбудувања на стадионот „Рајн-енерџи“, но поради болки во рбетот, повеќе нема да може да присуствува на мечевите. Сепак, Келн нема да остане без маскота. Местото на Хенес Осми ќе го завземе Хенес Деветти, а пензионираниот јарец ќе биде пратен во локалната золошка градина.

 

 

- Оглас -

Најнови вести