Најсигурен „кец“ во македонската лига е оној на мечот на кој ќе нема публика на трибините

Четири натпревари, секој интересен на свој начин, ќе се одиграат денеска во рамките на 21-вото коло од Првата македонска фудбалска лига.

Според квотите во обложувалниците Sport Life, најизразен фаворит за денеска е лидерот Шкупи, кој на „Чаир“ го пречекува Тиквеш. Чаирските Гулаби дома немаат пораз, а кавадарчани не знаат за гостинска победа сезонава. Овој меч ќе се игра пред празни трибини.

Шкендија и Академија Пандев ќе водат битка за второто место. Разликата е само два бода, но со триумф на тетовци, тие би се одлепиле малку и би имале покомотна предност. Домашниот терен ги прави фаворити Црвено-црните.

На останатите две средби од колото, благи фаворити се гостите. Борец ќе бара бодови за опстанок против Струга Трим Лум, а Работнички ќе се обиде на Автокоманда да му врати на Скопје за поразот во есенскиот дел.

Мечот Пелистер – Ренова е одложен, бидејќи во Битола теренот е покриен со снег.

- Оглас -

Најнови вести