Во Битола снегот изненади: Одложен дуелот Пелистер – Ренова

Мечот од 21. коло во Првата македоснка фудбалска лига меѓу Пелистер и Ренова нема да се игра денеска. Причина за одложувањето е временските непогоди во Битола, односно снегот кој го затрупа стадионот под Тумбе Кафе.

Дуелот требаше да се игра од 14 часот, за кога се закажани и останатите пет меча од домашното првенство, но сега останува битолчани да потврдат дали ќе го оспособат стадионот за игра во следните 24 часа или ќе побараат да се игра на некој друг терен.

Во останатите мечеви кои се играат денеска, се среќаваат: Борец – Струга Трим Лум, Скопје – Работнички, Шкендија – Академија Пандев, Шкупи – Тиквеш.

- Оглас -

Најнови вести