Најскапиот автомобил во светот се појави низ улиците на Мадрид, зад воланот беше Роналдо (Видео)

Кристијано Роналдо пред неполн месец се поднови со „бугати чентодјечи“, автомобил кој вреди неверојарни осум милиони евра, а вкупно има само 10 во целиот свет. Португалецот кој игра за Ал-Наср во Саудиска Арабија, има годишна плата од 75 милиони евра, па може да си дозволи да купи вакво супер луксузно возило, а сега и го промовираше низ улиците на Мадрид.

https://twitter.com/i/status/1641217613014368257

По завршување на репрезентативните обврски, Роналдо реши да го посети Мадрид, градот во кој помина девет години додека играше за Реал. Низ улиците на главниот град на Шпанија, Роналдо се појави со автомобилот од осум милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести