21.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Најскапото засилување во историјата на Атлетико Мадрид ќе си оди по само една сезона?!

Атлетико Мадрид пред една година го сруши клупскиот рекорд и го купи Хулијан Алварес за сума од 75 милиони евра од Манчестер сити. Аргентинецот се покажа како вистинско засилување, па минатата сезона настапи на сите 38 натпревари од Ла Лига и постигна 18 гола.

Но, Алварес не е задоволен од улогата која ја добива на теренот, а Чоло Симеоне го игра во средниот ред, на крилните позиции, но и позади напаѓачите. Тоа воопшто не му се допаѓа на Аргентинецот, кој сака да игра во самиот врв од нападот, па веќе го известил раководството дека е подготвен да си замине.

Неговата вредност во моментов е 100 милиони евра, но тешко дека некоја екипа би издвоила толку пари, па Алварес најверојатно ќе мора да остане на „Метрополитано“. Неговиот актуелен договор со „јорганџиите“ е со важност до 2030 година.

- Оглас -

Најнови вести