Репрезентацијата на Сан Марино веќе со години го има приматот за најслаба фудбалска селекција во Европа. И во овие квалификации Сан Марино е без ниту еден освоен бод од осум натпревари, но на дуелот против Данска се случи едно мало чудо.
Селекцијата на Сан Марино успеа да го постигне првиот гол во овие квалификации и прв погодок воопшто во 2023 година. Тоа се случи во 61-вата минута, кога капитенот Алесандро Голинучи најдобро се снајде по еден изведен корнер и успеа да го совлада Каспер Шмајхел. Овој гол беше за израмнување на резултатот на 1:1, а по постигнување на погодокот следуваше голема радост кај сите домашни фудбалери.
За жал на Сан Марино, Данска до крајот на дуелот постигна втор погодок и стигна до посакуваните три бода од гостувањето кај аутсајдерот. Голот на Сан Марино, кој сигурно уште долго ќе се раскажува во оваа мала земја, може да го видите ТУКА.