Фудбалерите на Астон вила ја прекинаа неверојатната серија од 15 победи по ред на својот „Вила парк“ во Премиер лигата откако вечерва одиграа 1:1 против најслабиот тим во лигата, Шефилд јунајтед.
Победничката серија на Астон вила пред своите гледачи започна во март годинава кога беше совладан Кристал палас (1:0) и потоа нанижа уште 14 победи, но вечерва фановите на „Вила парк“ не беа сведоци на нова победа.
Камерон Арчер со голот во 87-та минута му донесе водство на Шефилд јунајтед, но Астон вила се спаси во 98-та минута со голот на Николо Заниоло.