Менаџерот на Кристал палас, Рој Хоџсон (76), денеска си поднесе оставка, објави премиерлигашот.
На најстариот менаџер во Премиер лигата,минатата недела му се слоши за време на тренинг, поради што беше примен во болница. Откако му се стабилизира ситуацијата, тој ја напушти болницата, но денеска одлучи да си поднесе оставка.
„Во целост уживав во времето кое го поминав тука. Имав можност да работам со одлични фудблаери и персонал. Но, со оглед на неодамнешните случувања, донесов одлука да се повлечам“, изјави Хоџсон за официјалната интернет-страница на Кристал палас.
Хоџсон тренерската кариера ја започна во далечната 1976 година и работеше во голем број англиски екипи, а беше селектор на Англија и на Финска.
Како негов можен наследник на клупата на Кристал палас се споменува Оливер Гласнер, кому последен ангажман му беше во Ајнтрахт Франкфурт.