Најтажната ноќ на Џон Тери – Капитенот се лизна, европската титула му побегна на Челзи (Видео)

Џон Тери ја имаше најтажната фудбалска вечер во Москва на 21 мај пред 12 години и неговото легендарно лизгање и погодената статива во последната серија пенали му ја однесе европската круна на Челзи.

Во англиското финале на „Лужњики“ во Москва, ударите од белата точка одлучуваа за титулата европски првак, а несреќниот капитен на Челзи утна кога најмногу му требаше на својот клуб.

Во регуларниот дел и по продолженијата резултатот беше 1:1, а Тери имаше златна шанса со удар од белата точка во последната пенал-серија да ја донесе титулата во Лондон.

Сепак, дождот во Москва беше голема пречка за стоперот и тој се лизна, па ја погоди стативата, а потоа утката на Анелка во седмата серија означи крај на надежите за европска круна.

Манчестер јунајтед славеше иако беше на работ на понорот. Кристијано Роналдо утна во третата серија пенали во Москва, играчите на Челзи беа прецизни во четири обиди, но капитенот Тери не успеа да стави точка на една од највозбудливите пенал-серии во европскиот фудбал и Црвените ѓаволи потоа му се радуваа на пехарот.

- Оглас -

Најнови вести