Бразилецот Дани Алвеш, кој е најтрофеен фудбалер во историјата, се наоѓа под истрага поради наводен сексуален напад, пишува „АБЦ“.
Наводниот напад се случил во ноќта меѓу четврток и петок на 30 декември во ноќниот клуб Сатон во Барселона. Луѓето од обезбедувањето подоцна на полицијата и соопштиле дека девојка која била видно вознемирена, побарала помош од нив.
Според „АБЦ“, девојката во својот исказ во полиција кажала дека поранешниот фудбалер на Барселона, и ја вовлекол раката во нејзината долна облека, а таа се обидела да се одбрани.
Адвокатите на Алвеш негираат дека Алвез ја вознемирувал девојкаа и дека тој во ноќниот клуб бил кратко и ништо не се случило.
Полицијата во Барселона соопшти дека отвотрија истрага откако примила повик за наводен сексуален напад во ноќен клуб, дека на девојката и била земена изјава откако била однесена на лекарски преглед.