Ливерпул загуби многу повеќе од три бода во градското дерби против Евертон. Вирџил Ван Дајк ги скина вкрстените лигаменти на коленото и го очекува пауза до осум месеци.
Ваква катастрофа не очекуваше никој иако Холанѓанецот излезе од игра по само 11 минути откако се судри со голманот на домаќините Пикфорд, по што не можеше да продолжи. Иако стартот беше крвнички, Пикфорд не доби никаква казна, му нанесе голема штета на ривалот.
https://twitter.com/AnfieldWatch/status/1317516427004420099
Ван Дајк практично цела сезона ќе ја помине во аут, а прашање е дали ќе закрепне пред почетокот на Европското првенство. Ова е голем хендикеп за Црвените и Клоп во мисијата да ја одбранат англиската титула.
Клучниот играч на Ливерпул ја напушти болницата на патерици, а допрва ќе се знае какви се резултатите од прегледот на Тијаго, кој исто така има проблем со коленото.