Крвнички беше стартот над Ван Дајк, но голманот се спаси и од црвен картон и од пенал (Видео)

ВАР технологијата дефинитивно не беше на страната на Ливерпул во дербито против Евертон. Гостите се израдуваа на гол во 93 минута за победа од 3:2, но ВАР системот подоцна сигнализираше дека Садио Мане бил во минимален офсајд, па резултатот остана 2:2.

Тоа не беше прва ВАР ситуација која го разочара Ливерпул. На почетокот на дуелот, по само шест минути игра, капитенот на гостите, Вирџил ван Дајк мораше да го напушти теренот поради повреда. Ван Дајк се најде во петерецот на домаќините кога над него крвнички стартуваше домашниот голман Џордан Пикфорд.

Капитенот на Ливерпул заработи повреда на ногата, но судијата ниту досуди пенал за гостите, ниту Пикфорд заработи црвен картон, затоа што ВАР системот покажа дека Ван Дајк бил во офсајд, па акцијата е претходно прекината. Засега не се знае колку е тешка повредата на Ван Дајк.

 

- Оглас -

Најнови вести